април 23, 2026

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешниот брфинг со медиумите.

Филипче ја повика власта да одговори дали во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се разговарало и за промена на државната химна.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK