април 24, 2026

Борис Ројевиќ поднесе оставка на тренерската функција во ракометниот клуб Војводина. Следна дестинација на поранешниот селектор на Србија ќе биде Охрид, објави „Моцарт спорт“.

Ројевиќ речиси седум години ја предводеше Војводина, освои 20 трофеи, од кои шест во првенството на Србија, а во 2023 година го освои ЕХФ купот.

„Моцарт спорт“, тврди дека во наредните денови Ројевиќ ќе ја официјализира соработката со Охрид. Ројевиќ на функцијата ќе го замени Стевче Алушевски по завршувањето на сезоната.

Охрид по 17 кола во македонскиот шампионат е повторно четврти сезонава, со мали шанси да се вмеша во борбата за титулата во конкуренција на Алкалоид, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Share

The post Моцарт спорт: Екс тренерот на Војводина и Србија од следната сезона ќе го предводи Охрид appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK