април 24, 2026

Норвешкиот тркач на средни патеки Јакоб Ингебригтсен во четвртокот собори два светски рекорди во сала, од кои едниот траеше само пет дена.

Во трката на една милја (1609 метри), Норвежанецот го надмина резултатот на Џаред Нугусе и стана нов светски рекордер со време од 3:45,14 минути. Американецот рекордот го постави пред пет дена.

Ингебригтсен, исто така, постигна најдобро време на 1.500 метри (3.29.63) на истата трка во Лиеван, Франција, со што го собори светскиот рекорд во сала.

Во колекцијата златни медали, 24-годишниот норвешки спортист има два олимписки златни медали (1.500 и 5.000 метри), тој е двократен светски и шесткратен европски шампион.

Share

The post Неверојатен Норвежанец во еден ден урна два светски рекорди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK