април 24, 2026

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“, Заев ги демантира ваквите тврдења и за „Слободен печат“ изјави дека се целосна невистина.

Поранешниот премиер Зоран Заев пак, за „Слободен печат“ изјави дека се работи за целосна невистина.

Колку треба човек да е забеган во умот да кажува и тврди вакви глупости. Суетните само чекаат да се фатат на вакви будалаштини за да си ја залечат суетата. Заеви вработуваат преку 1.000 луѓе во Македонија. Така било пред да бидам во политиката, така било додека сум бил во политиката, така е и сега после повеќе од три години како трајно сум заминат од политика. Не градам никаква кула во Дубаи, тоа е целосна невистина, ни рече Заев.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK