Новак Ѓоковиќ му се извини на брат му Марко и целиот тим затоа што ги избрка од трибините на турнирот во Аделејд. Во финалето го победи Себастијан Корд со 6:7, 7:6 и 6:4 и го освои 92 пехар во кариерата. На крајот му се извини на Марко и тимот и им заблагодари за поддршката.
„Сакам да им се заблагодарам на мојот тим што ме трпат и толерираат и во добри и во лоши времиња. Сигурен сум дека денес не беше лесно да се биде со мене, но го ценам тоа што ме поддржуваа до крај. Брат ми Марко не доаѓа често на моите мечеви, но сега беше тука и сакам да му се заблагодарам и да му кажам дека го сакам заради тоа. Ова е голем дар за мене и дадов сè од себе за да го подигнам пехарот. Поддршката која ја добив е неверојатна. Ретко кога сум почувствувал таква во кариерата. Чувствував како да играм дома, а и вие направивте фантастична атмосфера“, рече Ѓоковиќ и го пофали Корд.
SEVENTH time’s the charm
Sebastian Korda converts his seventh set point to take the opener from Novak Djokovic 7-6. #AdelaideTennis pic.twitter.com/528EUoXWOq
— Tennis TV (@TennisTV) January 8, 2023
„Беше блиску до победата, една или две топки одлучија, но иднината е пред тебе, ти си извонреден играч. Фала ти за овој меч и се надевам дека ќе имаш уште многу вакви битки. Фала и на мојот тим, одличен почеток на годината и можеби можевме да имаме и подобра заедно. Фала им и на навивачите, убаво е да се игра пред вас“, рече Ѓоковиќ.
За потсетување, тенисерот ги избрка брат му Марко и неговите агенти Едуардо Арталди и Елена Капеларо од трибините, откако го загуби првиот сет. Медиумите пренесоа дека веројатно бил фрустриран и вината ја барал кај нив за лошата игра.
The post (Видео) Ѓоковиќ му се извини на брат му Марко затоа што го избрка од трибините appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде