„Ми рече дека му е неверојатно што запознал некој од Англија во Вегас и ми рече дека имам убави очи. Носев фустан преку бикинито. Брзо ми падна, па останав само во бикини, а тој веќе беше гол. Тогаш почнаа и другите да се соблекуваат. Не беше тоа оргија, туку повеќе го правевме на шега и забава“, рече Кери и додаде дека таа вечер принцот ѝ ги подарил боксерките.
Рече дека немале секс затоа што мажите испиле премногу. За потсетување, во август минатата година, на аукција во Лас Вегас, Кери ги понуди боксерките како и фустанот и костимот за капење кои ги носела.
„По таа вечер Хари стана досаден. Кога се забавуваше во Вегас сите го сакаа. Барем овие боксерки се потсетник на тоа каков беше кога беше принц“, рече нејзиниот портпарол за британските медиуми.
„Штета што сега е сериозен. Дури и како оженет татко на две деца, мислам дека треба да ја пушта косата одвреме навреме или барем тоа што остана од неа“, рече Кери.
Кери тврди и дека никогаш не работела како стриптизета, иако многумина мислеле дека е. Денес работи како филмски и телевизиски продуцент и има сопствена продуцентска куќа. Го коментираше и делот во мемоарите на Хари каде открива како ја изгубил невиноста од постара жена.
„Се насмеав кога го прочитав тоа. Кога го запознав, пишуваше дека сум многу помлада од него, а имав 41 година. Така отсекогаш знаев дека сака постари“, рекла Кери.
The post Бивша стриптизета го нарече Хари кукавица затоа што не ја спомнал во мемоарите appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде