Скопската полиција денеска ги лишила од слобода А.Г. (21) од село Сингелиќ, скопско и 16-годишник од Скопје. Тие се сомничат дека околу 10:10 часот пред продажен објект на ул. „Жегљане” извршиле разбојништво од возило „пежо боксер”, сопственост на фирма.
Имено, тие пред објектот со закана од вработениот дистрибутер А.Ш.(39) од Скопје одзеле пари од дневниот промет, по што заминале со возилото „пежо боксер”, а во село Стајковци дел од производите префрлиле во друго возило, но, набргу биле фатени и приведени.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Приведени разбојници непосредно по извршеното кривично дело appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде