април 24, 2026

18-годишен мотоциклист е тешко повреден при судир со возило управувано од 70-годишен возач во Гевгелија.

– На 16.02.2025 во 20.45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7-ми Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат добло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ж.К.(70), и мотоцикл „хамачи“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(18), двајцата од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија, соопштија од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK