Рајан Рејнолдс се појави со сопругата Блејк Лајвли на прославата на 50-годишнината од SNL, а во еден момент стана и им кажа на водителките Тина Феј и Ејми Полер дека има прашање.
„Рајан Рејнолдс! Како си?“, го прашаа, а актерот рече: „Одлично! Зошто, што слушнавте?“ и на тој начин ја насмеа публиката, додека актерката наеднаш стана сериозна по неговите зборови.
Audience Q&A with Amy Poehler and Tina Fey! #SNL50 pic.twitter.com/XYqXMddhS9
— Saturday Night Live – SNL (@nbcsnl) February 17, 2025
Рејнолдс се пошегува за правната битка што неговата сопруга ја води со Џастин Балдони, но гледачите на Икс напишаа дека тоа е очајнички обид да се контролира штетата предизвикана од скандалот помеѓу Блејк и Џастин.
„50 години SNL засекогаш ќе бидат запаметени како местото на кое дојдоа Блејк и Рајан за време на нивниот скандал“, „Дали тие навистина мислат дека можат да не измамат да мислиме дека сето тоа е една голема шега за нив и дека се над катастрофалниот наратив што се создава околу нив?“ и „Дали ова требаше да биде смешно? Зошто Блејк и Рајан воопшто присуствуваат на настани?“ се само дел од многуте коментари.
The post (Видео) Рајан Рејнолдс се пошегува за правната битка на неговата сопруга, нејзината реакција стана вирална appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
