Унгарија ја отстрани војската од границата со Србија и чувањето на тој простор и го довери на новоформираната полициска единица наречена погранични ловци. Според порталот Балканска безбедносна мрежа, јужната граница на Унгарија од Нова година ја надгледува нова единица на граничната полиција, која се состои од персонал под договор, наместо од вооружените сили.
„Заврши седумгодишниот ангажман на унгарската армија за чување на границата со Србија… По почетокот на руската инвазија на Украина и формирањето на борбената група на НАТО во Унгарија, армијата има задача да ги заштити своите источни граници и да помага за зајакнување на источното крило на НАТО со другите сојузнички земји“, се вели во соопштението од унгарските власти.
По тој повод, државниот секретар во МВР, Бенце Ретвари изјави дека минатата година имало повеќе од 263.000 обиди за илегално преминување во земјата, дека мигрантите се „се поагресивни“ и дека 15 полицајци и 29 војници биле повредени во напади на границата.
Чувањето на границата од нерегуларните миграции од Балканот беше доверено на новите полициски сили наречени „Граничен ловечки полк“ формиран во јули 2022 година.
Според договорот, станува збор за формација која ја пополнуваат полнолетни унгарски државјани.
Првичниот план полкот да достигне 2.200 „под договор“ до септември 2022 година се покажа како премногу амбициозен бидејќи во октомври формацијата броеше околу 800 луѓе
Следете не, не има насекаде