„Извини, дали ти спиеш со мојот сопруг?“ Тоа беше прашањето кое прв пат ѝ го поставив на жената која искочи дека му е љубовница на мојот сопруг. Вусшност, не ми беше потребен нејзиниот одговор за да го дознаам тоа.
Неговиот безизразен поглед кој ми го упати додека му соопштуваше дека со нашиот брак е готово, ми беше доволен доказ за неговото неверство. Кога мојот сопруг дозна дека сум ја барала „неговата добра пријателка“ како што самата ми се претстави ме нападна дека го срамам.
Во текот на следните неколку недели се слушнав неколку пати со неговата “добра пријателка“. Главно јас ја барав. Се обидував да ја убедам да го остави мојот сопруг на мира, и често ја навредував.
Во една прилика ми рече колку и да се трудам да го сочувам својот брак, тоа нема да ми успее бидејќи веќе одамна било доцна за тоа. На крајот времето ќе покаже дека сепак била во право.
Она што никако не ми беше јасно е тоа што таа жена воопшто не се каеше. Не чувствуваше ниту тронка одговорност за пропастот на мојот брак, како и тоа дека три мали деца ќе пораснат во рзделено семејство. Ја мразев. Ја нарекував ку**а, расипувач на бракови, срам за женскиот род.
А потоа почнав да размислувам: дали е само таа виновна? Дали таа е воопшто виновна?
Минатото лето излегував со маж за кој излезе дека е женет. Кога го дознав тоа, го прекинав контактот со него. По скоро година дена, му напишав порака: Дали се уште е иста ситуацијата?
Штом ја испратив пораката, во истиот момент се покајав. Сепак набрзо пристигна порака: Не, се разведов.
Отако се слушнавме по телефон, разменувавме пораки и на крај се договоривме да излеземе. Секако дека постоеше можност дека лаже. Секако е веројатно дека лажел. Сепак, јас одбрав да му верувам. Во тој човек видов очајничка потреба за внимание и љубов која очигледно не ја добива дома.
Бракот лесно може да стане најосаменото место на светот доколку не внимаваме. Јас тоа најдобро го знам. И соло животот исто така може да биде осамен. Може и да ве дотолчи доколку дозволиоте. Денес за прв пат се запрашав дали љубовницата на мојот сопруг навистина е расипувач на бракови како што некогаш мислев?
Мојот сопруг и јас и самите го докрајчивме бракот, за тоа не ни беше потребна ничија помош.
Дали јас денес чувствував вина бидејќи ја поминувам ноќта со човек за кого се сомневам дека се уште е женет? Не.
Во овој човек го видов својот сопруг, себе како негова љубовница, а за таа жена одеднаш имав разбирање. Лесно е да се каже дека изневерувањето во врската е апсолутно неприофатливо. Тешко е да се прифатат вистинските причини поради што дошло до тоа.
Следете не, не има насекаде