Ердоган истакна дека Туркије го прави својот дел во изнаоѓањето решение за војната меѓу Русија и Украина, за разлика од оние кои „им помагаат на трговците со оружје“.
Туркије е одлучна да испрати жито и брашно во африканските земји преку коридорот за жито низ Црното Море, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„(Рускиот претседател Владимир) Путин ми рече: „Јас ќе ти дадам жито бесплатно, а вие доставете го во сиромашните африкански земји“. Ние рековме добро. Ќе го добиеме тоа бесплатно од вас. Ајде тоа да го претвориме во брашно во нашите фабрики и да го испратиме во сиромашните африкански земји“, рече Ердоган на настан во Анталија одржан вчера. „Но“, рече Ердоган, „44 отсто од украинското жито се испраќа во Европа“.
„Ние сме одлучни и ќе се потрудиме овие производи од овој коридор за жито да ги испратиме во африканските земји“, истакна Ердоган.
На 22 јули Туркије, Обединетите нации, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за продолжување на извозот на жито преку Црното Море, кој беше запрен по почетокот на руско-украинската војна во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.
Првиот брод што превезуваше жито исплови на 1 август минатата година од украинското пристаниште Одеса во рамките на потпишаниот договор.
Туркије доби меѓународна пофалба поради својата единствена посредничка улога меѓу Украина и Русија, а повеќепати ги повикуваше Киев и Москва преку преговари да стават крај на војната.
Ердоган истакна дека Туркије го прави својот дел во изнаоѓањето решение за војната меѓу Русија и Украина, за разлика од оние кои „им помагаат на трговците со оружје“.
„Вложуваме напори да постигнеме мир во светот. Истиот ден разговараме и со Путин и (со украинскиот претседател Владимир) Зеленски. Се трудиме да видиме како да ги помириме“, додаде турскиот претседател.
ТРТ Балкан
Следете не, не има насекаде