април 25, 2026

Во постојана комуникација сме со министерствата за правда од соседните држави и очекуваме Артан Груби во најскоро време да биде лоциран и уапсен, со што ќе се овозможи негово испорачување во Македонија и соочување со правдата – изјави заменик министерот за правда Ален Деребан, во изјава за Гласот на Америка.

Иако по распишувањето на меѓународната потерница сè уште нема официјална потврда за точната локација на Груби, властите уверуваат дека потрагата е во завршна фаза. Очекувањата се дека координацијата со регионалните служби за спроведување на законот наскоро ќе резултира со негово апсење.

Останува енигма дали бегалецот се наоѓа во некоја од соседните држави или е во движење, но според информациите од надлежните институции, активностите за негово пронаоѓање и испорачување се во завршна фаза.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK