април 25, 2026

Ливерпул направи уште еден чекор кон освојувањето на шампионската титула во Премиер лигата. Во 27.коло, Ливерпул го победи Њукасл со 2:0. Претходно Арсенал освои само бод во Нотингем, па сега Ливерпул со натпревар повеќе има 13 поени повеќе од Арсенал.

Ливерпул во 28. натпревар од почетокот на сезоната ја забележа 20.победа. Многумина ќе речат дека шампионската трка во Англија е решена.

Сензационалниот Мохамед Салах, изненадувачки, не беше стрелец во новата победа, но ја забележа неверојатна 17. асистенција сезонава. Салах е најдобра стрелец во лигата со 25 гола.

Првиот гол го постигна Собослаи во 11.минута по додавањето од Луис Дијаз, а конечниот резултат го постави Мекалистер, на кого во 63.минута му асистираше Салах.

Share

The post (Видео) Ливерпул го реши и Њукасл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK