декември 22, 2024

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на прес-конференцијата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод почетокот на претседавањето на Македонија со Јадранската повелба на прашањето кој е ставот на САД по однос на уставните измени истакна дека пристапувањето кон Европската Унија е од клучно значење за Македонија и нејзните граѓани.

Агелер им се обрати на пратениците за уставните измени: Треба да се случат час поскоро – „Ги поттикнуваме водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на нивните граѓани“

Таа потенцираше дека го поттикнува водството и избраните функционери да постапуваат во интерес на нивните граѓани, односно дека уставните измени треба да се случат час поскоро.

-Тоа е важно прашање. И примарно тоа е важно прашање за раководството на Македонија. САД го поддржува придвижувањето кон евроатлантската интеграција како една долгорочна цел на оваа земја и сме неверојатно задоволни со пристапувањето кон НАТО и веруваме дека пристапувањето во Европската Унија е од клучно значење и ќе има клучни придобивки за оваа земја.

И ги поттикнуваме водството и избраните фунцкионери да постапуваат во интерес на нивните граѓани и да постапуваат што е можно побрзо и да ги направат сите можни измени кои што ќе овозможат на пристапниот пат кон Европската Унија. Знаеме дека ова се тешки одлуки за граѓаните на оваа земја.

Граѓаните на оваа земја веќе имаат донесено многу тешки одлуки меѓутоа ние поддржуваме се што ќе ви овозможи придвижување кон тој пат, вели Агелер.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK