Дел од медиумите известуваат дека е уапсен Филип Андов – Сокол, доскорешниот директор на затворот Шутка во Скопје.
Тој наводно е успасен заедно со уште едно лице вработено во затворот, неофицијално утрово објавуваат медиуми повикувајки се на свои полициски извори
Истрагата можно е да се прошири и на повеќе лица кои се дел од затворскиот систем на земјава. МВР сè уште се нема огласено за апсењата.
Според се уште непотврдени информации, тие се сомничат за серија кривични дела меѓу кои злоупотреба на службена положба, овозможување бегство и противзаконско ослободување.
Следете не, не има насекаде
