Србија е најсилната земја на Западен Балкан по воена сила, според индексот „Global Fire Ranking“ за 2023 година.
Србија е на 58. место на оваа листа , која е направена врз основа на посебна формула врз основа на бројот на воени единици и финансиските, логистичките и географските можности на земјата.
Во формулата е пресметана и технолошката опрема, која се објавува секоја година и опфаќа 145 земји или територии.
Србија скокна за три места на оваа листа, од минатогодишната 61-та позиција .
Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, следна најмоќна земја по Србија е Хрватска која е на 69. место. Следува Словенија, која е 86-та и Северна Македонија на 108-то место .
Далеку заостануваат Црна Гора, која е на 128. место и Босна и Херцеговина на 133. позиција.
Кога се во прашање другите балкански земји, најсилна е Грција која е на 30. место, додека втората Романија е 47. на листата.
Србија е трета во ова натпреварување, а зад неа е Бугарија на 59. место, додека Албанија е 91.
Кога станува збор за најсилните армии во светот, првите 10 се рангирани на следниов начин:
САД
Русија
Кина
Индија
Обединето Кралство
Јужна Кореа
Пакистан
Јапонија
Франција
Италија
Следете не, не има насекаде