септември 24, 2024

Познатиот актер Адам Рич почина вчера на 54-годишна возраст во Лос Анџелес.

 

 

 

Актерот бил пронајден мртов во својот дом, а семејството се уште не ја соопшти причината за смртта на актерот, пишува Daily Mail. Според британскиот весник, полицијата соопштила дека нема докази дека се работи за сомнителна смрт.

 

Рич стекна популарност глумејќи во серијата Eight is Enough, каде ја толкуваше улогата на најмладиот син на семејството Бредфорд.

 

Серијата го одбележа периодот од крајот на осумдесеттите години на минатиот век, а браќата беа познати по фризурата која беше популарна во тоа време. Тој глумеше и во сериите „Чувари на плажата“ и „Љубовниот брод“.

 

Многу обожаватели се збогуваат со актерот на социјалните мрежи.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK