април 16, 2026

Вчера во 13.10 часот во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила во која била повредена жена.

Сообраќајката се случила на на ул.„Антон Попов“ во Скопје каде „тојота“ со скопски таблички управувана од 56-годишниот Н.Г. се судрило со „пежо“ исто така со скопски таблички управувано од 49-годишната Т.Б.С.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK