Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја пренесе поддршката на Северна Македонија за украинскиот народ во бруталната неоправдана и непредизвикана воена агресија што Русија ја врши врз Украина, соопштија владините служби.
Војната што Русија ја почна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и на Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата што Русија ја врши е за најсилна осуда бидејќи, освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија“, истакна Ковачевски.
Беше разговарано и за досегашната помош и поддршка што Северна Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакна благодарноста до македонскиот народ за целата досегашна помош и поддршка. Северна Македонија и како НАТО-членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини.
Посебен фокус на разговорот беше развојот на настаните на воениот фронт, како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. „Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, ќе ја посетам Украина“, нагласи премиерот Ковачевски.
The post Ковачевски се слушна Зеленски: Македонија ќе продолжи со воена и хуманитарна поддршка на Украина appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде