април 19, 2026

Големиот карневал во Рио не го пропушти ниту познатиот фудбалер Нејмар, ниту неговата девојка Бруна Бјанкарди, која ја следат бројни љубовни скандали.

Моментално Рио де Жанеиро е центарот на светот, се поради познатиот карневал кој секоја година собира голем број туристи.

Карневалот започна на 28 февруари и го претставува почетокот на постот во католичкиот календар, а посетителите на настанот ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата и шарените костими до 8 март.

Овој спектакл не го пропуштија ниту познатите ѕвезди, кои веќе пристигнаа во Бразил.

Според написите имаше можност да се забележи познатата манекенка Ирина Шајк во атрактивен син костим со предимензионирани крилја од црни пердуви, но и Нејмар.

За оваа прилика бразилскиот фудбалер донесе придружничка, манекенката Бруна Бјанкарди, која, како што еднаш пишуваа странските медиуми, ја изневерил дури 92 пати.

Фотографиите од вечерта ги објави самиот Нејмар на Инстаграм и се чини дека одлично се забавувале.

Насмевките и погледите со љубов беа толку забележливи, а некои дури би рекле дека меѓу нив не се ни случувале љубовни скандали, анализираат медиумите.

Share

The post Нејмар никогаш не бил посреќен: ја изневерил 92 пати, а сега повторно ја бакнува пред светот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK