април 19, 2026

Вчера во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25), двајцата од Кочани. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK