декември 22, 2024
„САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, оваа недела“, изјави амбасадорката на САД, Анџела Агелер, на новинарско прашање во врска со посетата на советникот, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Агелер посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за земјава.

Министерот Османи, прашан дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна од Вашингтон за да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, рече дека рамката која што ги дефинира односите помеѓу САД и Северна Македонија и во однос на содржината е стратешкиот дијалог и акцискиот план кој што произлегува од него, за кој, како што рече, се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.

„Во тој стратешки дијалог, во таа рамка, односно во тој акциски план, највидно место зазема заедничката соработка со САД во делот во борбата против корупцијата. Така што тоа е во рамки на договорена платформа за соработка помеѓу САД и Република Северна Македонија и секоја нивна поддршка е добредојдена и сме благодарни за тоа“, рече Османи, додавајќи дека останува на САД да одлучат на каков начин ќе ја дадат таа поддршка.

„Минатата година ја дадоа веднаш по склучување на стратешкиот дијалог преку финансиска поддршка, дополнителни милиони евра за правосудството. Преку експертска помош, односно обука на луѓето кои се вклучени во правосудството. Еве, најава и преку листа на санкции“, посочи Османи.

Советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле на 11 јануари ќе престојува во Скопје со посебна меѓуагенциска делегација, која ќе се сретне со владини претставници на разговори за низа прашања, вклучително енергетиката, економијата и борбата против корупцијата. Шоле потоа ќе отпатува во Приштина, на средби со тамошната влада, политичките лидери и граѓанското општество.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK