април 19, 2026

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа која се случи денес на експресниот пат Штип-Кочани во близината на селото Тркање.

Во несреќата учествувале две патнички возила, марка „Пежо и „Фолксваген“. Едно од возилата во сообраќајката било опожарено при што интервенирала кочанската пожарна единица.

-Денес 07.03.2025 година околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на експресниот пат Штип Кочани, кај с.Тркање кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од здобиените повреди двајцата возачи починале на местото на несреќата. Увидот е во тек, соопштија од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK