април 19, 2026

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Н. (43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 01.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава и против С.Б. (61) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 19.11.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Скопје поднесе кривична пријава и против С.А. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 29.12.2024 во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија, при што употребил и остар предмет.

СВР Скопје поднесе кривична пријава и против В.Н. (29) и А.П. (28), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 28.12.2024 во Скопје, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK