декември 22, 2024

Пол Макартни за малку ќе бил прегазен на познатиот пешачки премин во близина на студиото „Аби Роуд“, додека неговата ќерка Мери снимала нов документарен филм за прославата 90 години од познатата лондонска зграда, пишува “Дејли Меил“.

За време на снимањето на првиот долгометражен документарен филм на Мери Макартни, насловен „Иф доус волс куд синг“ за каналот Дизни+, 80-годишниот Битлс се обидел да ја оживее атмосферата на четворката што го преминува пешачкиот премин – зебра во 1969 година, а таа фотографија ја краси корицата на еден од нивните албуми.

Фотографката и режисерка Мери Макартни изјави за магазинот „Ес“ дека малку фалело автомобил да го прегази нејзиниот татко на пешачки премин, откако тој се симнал од автомобил и сакал да премине на пешачкиот кога од едната страна наишол автомобил кој не застанал.

Педесет и тригодишната Мери Макартни открила дека со нетрпение чека да му го покаже на татко ѝ готовиот филм за студијата во кои Битлси ги снимиле повеќето од нивните хитови, па дури и го именувале својот 11-ти албум по таа улица.

Пристигнувањето на „Аби Роуд“ е секогаш емотивно за Мери, бидејќи таа се сеќава и на нејзината мајка Линда Мекартни, која била кулинарски експерт и починала во 1998 година.

„Многу луѓе кои сè уште работат таму работеа со моите родители и знаат да ми кажат: „Се сеќаваме на мајка ти и колку беше кооперативна и одлична“.

Во документарецот на Мери, се појавуваат Пол и другите Битлси Ринго Стар, како и музичарите Елтон Џон, како и Роџер Вотерс и Лијам Галагер.

Студиото „Аби Роуд“ во Лондон функционира откако Едвард Елгар диригираше настап таму во 1931 година, а таму снимаа и ѕвезди од подоцнежните генерации како што се Радиохед, Ејми Вајнхаус и Адел.

The post Пол Макартни ќе го удрел автомобил на познатиот пешачки „Аби роуд“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK