декември 22, 2024

Според едно најново истражување, витамините од групата Б нудат заштита од штетното влијание на загадениот воздух.

Истражувачите од САД открија дека високите дози на овие суплементи може да ја надоместат штетата што ја причинуваат ситните честици од загадениот воздух.

Тие сепак ја истакнуваат потребата од понатамошно истражување на оваа област и тоа во градовите со огромно загадување на воздухот како Пекинг и Мексико Сити.
Еден од загадувачите што се смета за најопасен се најситните честички PM2,5.

Извор на овие честички со пречник од 2,5 микрометри се издувните гасови од автомобилите, печките на дрва, како и нус-појавите од хемиските реакции на други гасови.
Овие честички може да стигнат длабоко во белите дробови и да предизвикаат здравствени проблеми, како отежнување на работата на срцето и белите дробови, како кај старите, така и кај младите.

Истражувањето покажало дека присуството на еколошки фактори како загадениот воздух ги менува гените на имуниот систем и ја инхибира способноста на организмот да се одбрани од штетните влијанија.
Меѓународниот тим научници тестираа десет доброволни испитаници на кои им биле давани високи дози витамини Б6 и Б12 во услови на висока загаденост со PM2,5 честички.

Било откриено дека по четири недели земање витамини од групата Б, бил ограничен ефектот на негативно влијание на PM2,5 честичките од 28 на дури 76 отсто.
Витамините од групата Б се најзастапени во зрнестата храна како пченица, ориз, овес, р`ж и во џигерот, како и во зеленчук со зелени лисја, месо од домашни птици, риба, јајца, јаткасти плодови и грав.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK