април 20, 2026

Вчера во 07.40 часот во СВР Скопје, 71-годишниот Д.С. од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени три возила, два мотори и фасада од куќа.

Во пожарот пламнале „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци. Од пожарот била зафатена и фасадата на неговата куќа, како и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на соседот С.Н.(20) од с.Стајковци.

Од полицијата велат дека повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK