Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската армија ги одбива руските напади во градот Бахмут во источниот дел на регионот Донбас и ги задржува своите позиции во блискиот град Соледар, но во многу тешки услови.
– ,Бахмут се држи и покрај сè”. Иако поголемиот дел од градот е уништен во руските напади, нашите војници одбиваат постојани руски обиди за напредување” – рече Зеленски.
Тој посочи дека Соледар држи, иако има уште поголеми разурнувања, додавајќи дека ситуацијата е многу тешка.
Следете не, не има насекаде