декември 22, 2024

 Половина милион основци и средношколци во Хрватска од денеска се враќаат во училишните клупи, со тоа што учениците во основните училишта во второто полугодие ќе добиваат бесплатен оброк за време на големиот одмор.

За тоа од буџетот на државата ќе бидат издвоени 73 милиони евра. Но, мерката им создаде проблем на некои училишта бидејќи два месеци од донесувањето на одлуката не беа доволни за соодветно да се подготват за тоа, јави Хрватската телевизија.

Се очекува дека барем во првите неколку седмици од стапувањето на мерката во сила, основците ќе добиваат готова храна како пецива, пити, овошје со јогурт или млеко односно храна што не мора да се приготвува во самите образовни установи. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK