април 20, 2026

Погребите на 59 македонски души кои ги загубија животите во пожарот ќе бидат во четврток, 20 март. На повеќето погреби ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан и повеќе владици од Синодот.

Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, утре во 10 часот.

Неговата сопруга Наталија објави дека погребот ќе биде извршен утре во 10 часот.
Андреј го загуби животот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде ДНК вечерта настапуваше.

Според исказите на очевидци, тој неколку пати излегувал и влегувал повторно во локалот за да помогне да се извлечат и спасат што е можно повеќе млади луѓе кои биле присутни.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK