април 20, 2026

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел.

Информацијата со јавноста ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.

Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.

Утре ќе биде погребот и на Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.

„Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот’, известија на социјалните мрежи од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Групата настапуваше во дискотеката во која ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Share

The post Андреј и Сара од ДНК ќе бидат погребани утре во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK