Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган биле евакуирани откако местото каде што живеат Монтесито било погодено од бура. Покрај славното семејство била евакуирана и водителката Опра Винфри. Инаку како што пренесуваат американските медиуми речиси 9.000 жители од Монтесито од кои многумина поседуваат раскошни вили во живописниот град, биле евакуирани.
Последната во серијата разорни бури, кои се одговорни за најмалку 12 смртни случаи, ја погодија Калифорнија во понеделникот, принудувајќи евакуација на околу 25.000 луѓе, вклучувајќи го и целиот град Монтесито и блиските крајбрежни области на Санта Барбара, поради зголемениот ризик на поплави и лизгање на земјиштето, пренесува Ројтерс.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рекол дека наредбата за евакуација се заснова на постојано високи врнежи, без индикации дека тие се менуваат пред вечерта. Шефот на пожарникарите во Монтесито, Кевин Тејлор, изјави дека за само 12 часа паднале најмалку 8 инчи дожд, што е значително повеќе од очекуваното.
Голем дел од Калифорнија е погоден од серија силно невреме со многу силен дожд, силен ветер и налети.
Montecito creek is raging but holding on. Video from @JohnPalminteri #storm pic.twitter.com/V4Ny1jgJ25
— Alys Martinez (@AlysMartinezTV) January 9, 2023
The post Хари и Меган евакуирани од домот во Калифорнија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде