Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога.
Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево” припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, во личниот багаж на К.К. пронашле 6,235 килограми марихуана поделена во шест пакувања, од кои дел биле скриени во божиќни подароци.
Како што објавија бугарските медиуми, по откривањето на марихуаната, К.К. е лишен од слобода и Обвинителството поденело барање до надлежниот Суд да му биде одредена мерка „притвор”.
The post Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде