април 16, 2026

Маринко Колнаго, еден од основачите и долгогодишен член на групата Нови фосили, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Веста е објавена на нивната официјална страница на Фејсбук.

Маринко Колнаго, басист и еден од основачите на легендарната екс ју група, е единствениот член кој свирел во овој култен поп бенд од самиот почеток, уште во 1969 година, а чии песни живеат и денес.

„Драги пријатели, со голема тага соопштуваме дека нашиот добар дух Фосил, нашиот драг Маринко, не напушти. Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, засекогаш си во нашите срца“, се вели во објавата.

Лани групата имаше концерт во Скопје.

Текстот (Видео) Почина основачот на групата „Нови фосили“ е превземен од МАКФАКС.

Share

The post (Видео) Почина основачот на групата „Нови фосили“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK