април 21, 2026

Едногласно поддржан законот за строга контрола на пиротехника.

Со 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани, во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-та седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност, како и во Законодавно-правната комисија.

Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата и пожарот во дискотеката во Кочани.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK