април 26, 2026

Преку бројот за итни повици 112, попладнево е пријавен пожар во автобус во велешката населба Превалец, во близина на капијата позната како „Ќиро Ќучук“ пишува 4news.mk.

Според првичните информации, во моментот на избувнувањето на пожарот во возилото немало патници, а огнот зафатил само дел од задниот дел на автобусот.

Екипите на Територијалната противпожарна единица веднаш реагирале и успеале да го локализираат пожарот. Засега, причините за избувнувањето на огнот не се познати.

Полицијата и надлежните служби вршат увид на местото на настанот, по што ќе следат дополнителни информации за можните причини и евентуалната штета.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK