април 29, 2026

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо е во центарот на вниманието по дербито против Галатасарај.

Мурињо го загуби четвртфиналниот меч од Купот (2:1), но и нервите, па во метежот што се случи по завршувањето на натпреварот му пријде на колегата Окан Бурук и го фати за нос, по што тренерот на Галатасарај се струполи на тревата.

На официјалниот профил на Галатасарај е објавено анимирано видео во кое главниот лик е португалскиот стручњак.

Мурињо прво одржува конференција за медиумите, ги споменува ривалите и картоните, аа потоа и противничките играчи.

Се завршува со сцена во која Мурињо се буди во психијатриска болница, завиткан во лудачка кошула.

Да потсетиме, Мурињо од минатото лето е тренер на Фенербахче.

Share

The post (Видео) Галатасарај го „испратија“ Мурињо во лудница appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK