април 29, 2026

Најдобриот дефанзивец на Арсенал, Габриел Магаљаеш, ја заврши сезоната. Најлошата можна информација Микел Артета ја доби шест дена пред првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Габриел се повреди пред два дена против Фулам, во Премиер лигата. На теренот мина само 15 минути.

Бразилецот заработи повреда на задната ложа, а бидејќи се работи за тешка повреда која бара операција, 27-годишниот стопер ќе мора да закрепнува неколку месеци.

„Габи ќе биде опериран во наредните денови и веднаш ќе започне со програма за опоравување и рехабилитација, со цел да биде подготвен за почетокот на следната сезона“, се вели во соопштението на Арсенал.

Share

The post Заврши сезоната за Габриел appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK