април 25, 2026

Шарл Леклер, возачот на Ферари, не е задоволен од болидот што го има на располагање во Формула 1 шампионатот.

По првите две трки Леклерк и Хамилтон заостануваат 61 поен зад двојката на Мекларен Норис и Пјастри.

„Тешко е како и секогаш. Секогаш е комплицирано да се извлече максимумот од автомобилот. Мислам дека исто е и оваа сезона, единствениот проблем е што нашата моментална брзина во споредба со Мекларен не е доволно добра“.

Иако се надева на напредок на Јапонското ГП, Леклер очекува Ферари да биде на слично ниво како на првите две трки, што укажува на тоа дека спринтерската победа на Хамилтон во Шангај беше исклучок.

„Видовме голем чекор напред во саботата, особено во спринт трка со Луис, но во недела се се врати во нормала. Затоа очекувам да бидеме на исто ниво во Сузука како што бевме во Кина во неделата и во Мелбурн“.

Share

The post Леклер: Болидот на Ферари не е добар appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK