април 24, 2026

Фудбалерот на Рома, Матс Хумелс донесе одлука да замине во пензија. Тоа ќе го направи на крајот од оваа сезона.

Хумелс пристигна во Рома како слободен играч минатото лето како слободен играч од Борусија Дортмунд.

„Се борам со емоциите. Доаѓа момент кој ниту еден фудбалер не може да го избегне. По 18 години и толку многу работи што ми ги даде фудбалот, на лето ќе ја завршам кариерата“, рече тој во видео пораката.

Кариерата ја завршува на 36 години. Хумелс има играно за Баерн, Борусија, повторно Баерн и повторно Борусија, а кариерата ќе ја заврши во Рим.

За германската репрезентација настапи 78 пати и постигна пет гола.

Има освоено пет титули во Бундеслигата, три Купа на Германија, а два пати играше во финалето на Лигата на шампионите, а двата пати загуби со Борусија од Баерн и Реал.

Со репрезентацијата го освои Светското првенство во 2014 година.

Share

The post Хумелс реши да ја заврши кариерата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK