април 26, 2026

Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против В.Г. (37) од Македонска Каменица, кој ја извршувал функцијата директор на основно училиште во истото населено место, поради сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“.

Како што информира полицијата, во периодот од 5 декември 2024 до 14 февруари 2025 година, пријавениот со намера да го отежне докажувањето во преткривична постапка што ја води Основното јавно обвинителство Делчево, од сопственото лично досие во училиштето отстранил сертификат за познавање на англиски јазик и негов заверен превод, документи кои биле нотарски заверени со оригинален печат.

Според СВР Штип, В.Г. ги вратил документите во досието токму на денот кога требало да започне со работа новоименуваниот директор на училиштето, но без споменатите документи.

Истражните органи го сомничат В.Г. дека со ова дејствие се обидел да спречи целосно расветлување на околностите поврзани со валидноста на сертификатот. Предметот е во рацете на Обвинителството во Делчево.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK