мај 1, 2026

Шок терапијата во Денвер се покажа успешна. По смената на тренерот Мајк Мелоун, Нагтес ја прекинаа серијата од четири порази, победија во Сакраменто со 124:116.

Никола Јокиќ до крајот на третата четвртина го забележа 33. трипл-дабл во сезоната, 163. во кариерата (20 поени, 12 скокови, 11 асистенции).

По мечот имаше што да им каже на новинарите.

„Велат дека сме ранливи, но ранетиот ѕвер секогаш е најопасен. Го разбудија ѕверот“, рече Јокиќ, а потоа го коментираше отказот што го доби тренерот Мелоун, откривајќи дека имал комуникација со газдата Џош Кренке.

„Знаев пред кој било друг. Џош ми рече „Донесовме одлука“. Тоа беше тоа. Немаше дискусија. Кренке одлучи и ми кажа зошто. Го послушав и прифатив“, заклучил Јокиќ.

Share

The post Јокиќ знаел дека Мелоун ќе добие отказ: Ранетиот ѕвер е најопасен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK