мај 1, 2026

Фудбалерите на Интер Мајами се пласираа во полуфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ. Во реваншот Интер го победи Лос Анџелес со 3:1.

Лос Анџелес победи со 1:0 во првиот натпревар, а во реваншот поведе со голот на Арон Лонг во деветтата минута.

Во 31. минута, по интервенција од ВАР собата на Лионел Меси му беше поништен гол од сободен удар, а четири минути подоцна Аргентинецот успеа да го изедначи резултатот.

Аргентинецот потоа му асистираше на Ноа Ален за водечкиот гол во 61. минута. На Луис Суарез шест минути подоцна му беше поништен гол поради офсајд, а Меси ја обезбеди победата во 84. минута со гол од пенал.

Share

The post (Видео) Интер го елиминира Лос Анџелес, два гола на Меси appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK