мај 2, 2026

Хавиер Франциско Пимиента повеќе не е тренер на Севилја, соопшти шпанскиот клуб.

Пимиента (50) беше сменет ден по поразот на Севилја од Валенсија (0:1).

За Севилја ова беше четврти пораз во низа, а во претходните седум кола од Ла Лига, тимот на Пимиента забележа само една победа.

Клубот од Андалузија има 36 бода по 31 коло и не треба да стравува за опстанок бидејќи Лас Палмас, првиот под линијата, заостанува седум бода.

Севилја не објави кој ќе го наследи Пимиента, кој седна на клупата пред почетокот на сезоната. Во својата тренерска кариера ги водеше и Лас Палмас и Барселона Б.

Share

The post Севилја го отпушти тренерот Пимиента appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK