мај 2, 2026

До оваа недела немаше ниту една победа во Монте Карло, менаше Мастерс титула повеќе од една година. Карлос Алкараз со „еден удар уби две муви“ за да ја освои 18-та титула во кариерата.

Во големото финале во Кнежеството, Алкараз го победи Лоренцо Музети од Италија со 3:6, 6:1, 6:0 и од понеделник ќе се врати на второто место на АТП листата. Музети на најновата АТП листа ќе го има најдобриот пласман, од утре тој ќе биде 11-ти на АТП листата.

21-годишниот Шпанец не започна добро, направи 14 неизнудени грешки во првиот сет, додека една година постариот Италијанец го покажа целиот раскош на својот талент.

Сепак, во вториот сет Алкараз го подигна нивото на својата игра, во исто време, Музети го загуби ритамот од првиот сет. Се чувствуваше дека Италијанецот имаше помалку време за одмор и дека играше тешки мечеви на патото до финалето. Поради тоа третиот сет беше формалност.

Очигледно имаше и проблем со повредата, па при 0:3 во третиот сет Музети побара медицински тајм-аут.

На патот до титулата Алкараз ги победи Серундоло, Алтмајер, Фаес, Давидович-Фокина и сега Музети.

Шпанецот го освои 18-ти трофеј во кариерата, ова е негова шеста титулата на Мастерс тутнирите, додека Музети останува на два трофеи.

Share

The post Алкараз по пауза од една година освои мастерс титула – Шпанецот победи во Монте Карло appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK