мај 3, 2026

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Селта со 4:3 во натпреварот од 32.коло на Ла Лига.

Иако губеа со 3:1 во 62. минута, Каталонците успеаја да ги освојат бодовите на „Монтжуик“.

Голот на Феран Торес и донесе водство на Барселона во 12. минута, но потоа на сцена стапи Борха Иглесијас.

Напаѓачот на Селта постигна хет-трик, погоди во 15., 52. и 62. минута и со тоа донесе целосен пресврт и водство на гостите од 3:1.

На крилата на Рафиња Барселона, направи голем пресврт и стигна до исклучително важна победа во шампионската трка.

Бразилецот беше асистент за голот на Дани Олмо во 64. минута, потоа погоди од поле во 68. минута, а во 90.+ 8. минута искористи пеналот за конечни 4:3.

Share

The post (Видео) Залуден хет-трик на Иглесијас, Барса во 98.минута ја победи Селта appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK