мај 3, 2026

На 20.04.2025 во 04.20 часот, во Неготино, на локалниот пат кон село Курија, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино, го лишиле од слобода С.Д.(28) од Неготино.

Имено, тој украл патничко возило „фолксваген голф” со неготински регистарски ознаки, сопственост на Л.И.(28) од Неготино, кое според пријавеното било паркирано пред домот на сопственикот и потоа со возилото на локалниот пат кон село Курија, излетал надвор од коловозот.

Од извршените проверки било констатирано и дека го управувал возилото со 0.72 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK