мај 3, 2026

Денеска (20.04.2025) во 02 часот на ул. „Страшо Пинџур” во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.С.(25) од општина Росоман. В.С.

Со неговото патничко возило „мерцедес” со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK