мај 3, 2026

Ен Хатавеј се појави на ревијата на Ралф Лорен, кој ја претстави колекцијата за есен 2025 година во Њујорк.

42-годишната актерка се појави во фармерки со светки кои ги искомбинира со класична бела маичка без ракави и беж капут, а косата ја врза во опавче.

Но, многумина го забележаа нејзиниот младешки изглед, а на социјалните мрежи се појавија коментари дека направила естетска операција, лифтинг на лицето или некоја слична процедура за подмладување.

„Таа очигледно била на ботокс“, „Сите во Холивуд се како Бенџамин Батон“ и „Ако имала пластична операција, резултатот е многу добар“, коментираат тие.

Други напишаа дека нејзиниот младешки изглед е резултат на затегнатото високо опавче и посилна шминка.

Share

The post Познатата актерка привлече внимание на модна ревија: „Очигледно била на ботокс“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK